Комплетна, исплатлива контрола на климата со VRF за вашиот бизнис

Лизгајте надолу

GLS 1GLS 1

Системите VRF користат разладно средство за да ладат и да греат повеќе простории или зони во една зграда

Нашите VRF решенија, што се нарекуваат и DVM (Digital Variable Multi) системи, се фокусираат на сигурност, ефикасност, удобност и флексибилност на дизајнот и нивната надворешна единица може да се поврзе на најмногу 64 внатрешни единици. Нашиот сеопфатен VRF асортиман, од DVM S2 до DVM S Water и DVM S Eco, нуди паметни климатски решенија за големи комерцијални примени.

Што е систем VRF?

Системите со променлив проток на разладно средство (VRF) се состојат од една или повеќе надворешни единици, поврзани со внатрешните единици преку цевковод за разладно средство, за да ладат и греат поединечни зони. Тие обезбедуваат енергетски ефикасно греење, климатизација, вентилација и рекуперација на топлина. Надворешните единици го модулираат капацитетот според барањата на поединечните зони, штедејќи енергија со тоа што не работат секогаш со 100 % капацитет и го подобруваат комфорот со одржување на температурата во секоја зона, по потреба. Како идеално решение за вашите деловни потреби за контрола на климата, нашите системи VRF нудат сигурни перформанси, врвен комфор, разновиден дизајн и лесно монтирање, со капацитети до 98 HP.

Samsung Schematics VRF LowBuilding

Главни карактеристики на VRF

Контрола во различни зони

Системите Samsung DVM S2 овозможуваат прецизна контрола на температурата во повеќе зони за да обезбедат комфор за оние што ги користат. Системите за рекуперација на топлина додаваат можност за истовремено греење и ладење на повеќе зони одделно.

Оптимизирајте го работењето на VRF со Samsung b.IoT Lite

b.Iot Lite на Samsung е „интегриранo решение за контрола“ за мали и за средни згради. Неговата отворена платформа поврзува уреди (на пр. сензори и светла) и машини на интернет со што помага да се подобрат ефикасноста и практичноста преку размена на податоци. b.Iot Lite има приспособлива контролна табла којашто прикажува податоци во реално време за да овозможи брз преглед на работењето на VRF. Лесно креирајте и извезувајте извештаи за статусот, извештаи за трендови на податоци и извештаи за користење на енергијата, за да имате централизирана контрола врз вашите системи.

Untitled 2

Нашите решенија VRF

  • (ODU)DVM S2 Building Rooftop Multi 1

    DVM S2

    DVM S2 е следната генерација на платформата Digital Variable Multi S. Со поголема енергетска ефикасност, оптимизирана технологија со вештачка интелигенција и подобрено греење, оваа линија производи доаѓа со иновации какви што очекувате од нас – и многу повеќе⁶. Нејзиниот опсег на капацитет е 8 – 98 HP и е компатибилна со голем избор на внатрешни единици.
  • DVM S Eco AM7500K AM100KXMDGH 06 Low Noise Level

    DVM S Eco

    DVM S Eco е една од најкомпактните единици на клима-уред во својата класа – лесна е и економична за монтирање и ракување, без да се нарушат перформансите. Со неа просторот се искористува одлично и затоа е практично решение за заштеда на простор, како на пример во канцеларии.
  • DVM S Water AM200FXWANR 02 Dual Inverter Compressor img

    DVM S Water

    DVM S Water користи вода како извор за размена на топлина и може да се поврзе со различни примени, како што се кули за ладење, котли, геотермални јамки, морска вода и друго. Овој систем има цевковод со продолжена должина и лесен дизајн.
DK commercial 360 cassette

Откријте други комерцијални решенија за климатизација

По ова што го прочитавте, ви треба друг вид комерцијално решение за климатизација? Разгледајте ги нашите разновидни опции.
Откријте повеќе

¹ Изменувачот на топлина овозможува 36,2 % поголема област за пренос на топлина на помала платформа (DVM S2 е опремен со поголем изменувач на топлина од конвенционалниот модел AM100JXVAGH/ET. HX должина: 1.700 mm → 1.910 mm. Ширина на платформата: 880 → 930 [mm].) и 23,7 % поголем пренос на топлина на поголема платформа (DVM S2 е опремен со поголем изменувач на топлина од конвенционалниот модел AM200KXVAGH/ET. HX должина: 2.100 mm → 2.600 mm. 3). Врз основа на интерно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во зависност од средината и индивидуалната употреба. ² Високата ефикасност на назабениот вентилатор ја намалува потрошувачката на струја за 32 % и истовремено создава поголем проток на воздух. (Назабен вентилатор за мала платформа. Врз основа на споредба со модели со 12 HP.) Врз основа на интерно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во зависност од средината и индивидуалната употреба. ³ 20 % побрзо ладење врз основа на интерно тестирање на оперативната функција за ладење, кога температурата е поставена на 22 °C и се користи автоматски режим 4 часа, на собна температура од 33 °C и надворешна температура од 35 °C. Тестиран модел беше надворешна единица AM080AXVGGH/EU поврзана со внатрешните единици AM083NN4DBH1 и AM145NN4DBH1 со цевковод од 25 m. Поминатите временски периоди се мерени кога собната температура достигнувала 25 °C. ⁴ Помеѓу надворешната единица и првата линија внатрешни единици може да се користи потенка линија за течност. Дијаметарот на потенката цевка ќе се разликува во зависност од дијаметарот на цевката што се користи вообичаено. Може да не биде достапна за одредени услови на монтирање и не е компатибилна со одредени AI функции на надворешните единици. За подетални информации, како и за достапноста на производите, обратете се кај технички експерти на Samsung. ⁵ Врз основа на интерни мерења. Кога за главната цевка за течност се користи потенка цевка, а не вообичаена, на истата моќност на системот за климатизација, количината на разладното средство што треба да се стави може да се намали во просек до 28 %. ⁶ DVM S2 е опремен со зголемен изменувач на топлина, високоефикасен биполарен транзистор со изолирана порта (IGBT), подобрен модул за струја во рамките на инвертер системот и аеродинамичен назабен вентилатор и користи супериорен спирален компресор на Samsung. Благодарение на овие технологии, единицата е енергетски поефикасна во споредба со претходната генерација производи DVM S.