Samsung Electronics ја дефинира удобноста на внатрешна клима за утрешното општество од воведувањето на својот прв клима-уред во 1974 година. Во 2005 година Samsung Electronics влезе на европскиот пазар на комерцијално климатизирање на воздухот. Нашата цел со Samsung Climate Solutions е да им помогнеме на луѓето да ја пронајдат својата рамнотежа за да може да се чувствуваат и да живеат најдобро – било да станува збор за работа, игра или одмор. Нашите заложби се да понудиме повеќе енергетски ефикасни решенија со иновативни решенија за ладење, греење, топла вода во домаќинството, ладење во фрижидер и паметни решенија за згради. За секој простор каде што луѓето создаваат вредни заеднички искуства, независно дали станува збор за комерцијален простор или станбени домови. За нашите партнери од индустријата нудиме тековна техничка обука за климатски и паметни градежни решенија, како и постпродажна и техничка поддршка. Сето тоа е поддржано со угледот на Samsung во однос на квалитетот и врвните иновации, вклучувајќи ги и решенијата за дигитално поврзување. Долгорочната посветеност на европскиот пазар доведе до отворање на Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) во 2017 година во Амстердам, Холандија. Наша цел во SEACE е да ги усогласиме активностите во повеќе од 30 европски земји.