Уредот DVM S2 R32 е подготвен за SmartThings и доаѓа со фабрички вграден комплет за Wi-Fi. Тоа овозможува лесно управување со внатрешните единици директно преку интуитивната апликација SmartThings⁷. Интегрираната карактеристика ја отстранува потребата од дополнителна опрема, што ја поедноставува монтажата и го подобрува корисничкото искуство.
Дополнително, кога Samsung DVM S2 R32 се поврзува со SmartThings Pro и b.IoT, овозможува подобра контрола и поефикасно управување со целиот систем. Интеграцијата овозможува следење во реално време и оптимизација на потрошувачката на енергија, што помага да се намалат трошоците и да се одржат стабилни перформанси. Поддржани се и системи базирани на облак, како и системи што не се базирани на облак, за управување со објекти, што го прави уредот DVM S2 R32 флексибилен за разни опкружувања. Компатибилноста со овие платформи ги поедноставува автоматизацијата и одржувањето, што го прави практичен избор за управување со HVAC системи во сложени комерцијални објекти.













