Квалитетот на воздухот во затворен простор има значително влијание врз здравјето, комфорот и продуктивноста¹. Затоа системот ERV (или вентилација за рекуперација на енергијата) може да направи разлика во одржувањето здрава внатрешна средина во заедничките простори. Без разлика дали се работи за канцеларија, училиште или малопродажен објект.
Системите ERV на Samsung се решенија за вентилација што ги подобруваат квалитетот на воздухот и температурата во затворен простор со размена на застојаниот воздух од внатре со свеж воздух однадвор, додека вршат рекуперација на енергијата од надворешниот воздух. Тоа се прави со помош на изменувач на топлина што ја пренесува топлината и ја изменува влагата од излезниот воздух за да го услови влезниот воздух. Системите ERV обезбедуваат постојан проток на свеж воздух, создавајќи пријатен и свеж амбиент. Нашите единици ERV Plus можат да се поврзат дури и со систем Samsung VRF (променлив проток на разладно средство) за да формираат комплетно решение за контрола на климата.
¹ Cincinelli A, Martellini T. Indoor Air Quality and Health. Int J Environ Res Public Health. 2017 Oct 25;14(11):1286. doi: 10.3390/ijerph14111286. PMID: 29068361; PMCID: PMC5707925. – https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5707925/ ² За подетални информации за производот и технички спецификации, прочитајте ги страниците со соодветниот производ од овој Каталог на производи. – https://samsung.dcatalog.com/v/Commercial-(COM)-ENG/?page=230 ³ Достапно на уреди со Android и iOS. Потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на Samsung. ⁴ Нивоа на бучава помеѓу 22 – 24 dB, во зависност од брзината на проток на воздух на избраната единица ERV. Врз основа на интерно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во зависност од средината и индивидуалната употреба.