Комерцијалните системи за климатизација Split се дизајнирани да ладат или загреваат големи простории за кои се потребни поголеми капацитети и (повеќе) внатрешни единици што ќе работат усогласено. Ова климатско решение е оптимално за мали и средни бизниси, како ресторани, малопродажни објекти или канцеларии. Нашите комерцијални split системи се паметни решенија за климатизација што доаѓаат во повеќе капацитети, големини и комбинации на внатрешни единици.
Секој Split систем за климатизација се состои од две одделни единици: надворешна единица и внатрешна единица. Овие единици работат заедно за да го ладат (или загреваат) и движат воздухот низ зградата. Комерцијалните Split системи овозможуваат контрола на климата во една конкретна област, а има и можност да се додаваат повеќе единици на една надворешна единица.
¹ Сензорот за детекција на движење (MDS) ќе почне да детектира отсуство на движење по најмалку 5 минути и до најмногу 60 минути. Сензорот за детекција на движење е достапен на WindFree™ Elite и како додаток за касетниот модел со 4-насочно издувувње, мини касетниот модел со 4-насочно издувување и 360 Cassette.
² Потврдено од Intertek, Број на извештај RT20E-S0010-R, Датум на издавање: 17 април 2020 Елементот K (електростатски преципитатор) на Samsung Electronics може да ги стерилизира микроорганизмите фатени во филтерот (Escherichia coli: над 99 %, Staphylococcus aureus: над 99 %). Овој филтер фаќа ултраситна прашина со големина до 0,3 μm. Филтерот за прочистување на воздухот PM 1.0 е достапен како додаток за 360 Cassette, касетниот модел со 4-насочно издувување и за мини касетниот модел со 1-насочно издувување.
³ Потврдено од Intertek со тестирање примероци од Samsung AR9500T во состојба на континуиран проток на воздух (според KS K 0693:2016 протокол со употреба на бактериофаг MS2 вирус ATCC 15597-B1 и сој на Escherichia coli C3000 ATCC 15597) и антивирусен филтер Tri Care (според критериуми за тестирање утврдени од Samsung со употреба на Staphylococcus aureus ATCC 6538 и Klebsiella pneumoniae ATCC 4352). Нашите производи не се тестирани за дејство врз вирусот на КОВИД-19. Затоа, ние не правиме или даваме изречни тврдења и гаранции или тврдења и гаранции што се подразбираат во однос на вирусот на КОВИД-19. Достапно само на моделите WindFree™ Elite и Avant.
⁴ Достапно на уреди со Android и iOS. Потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на Samsung.