Клима-уреди за повеќе простории

Лизгајте надолу

DK-windfree-lounge-1-feature-visual-1.jpgDK-windfree-lounge-1-feature-visual-1.jpg

Барате решение за климатизација што ефикасно ќе грее или лади повеќе простории во домот?

Размислете за Multi Split систем за оптимална климатска контрола.

Главни карактеристики на систем за климатизација Multi Split

*Некои карактеристики може да се разликуваат во зависност од избраната внатрешна единица

Комфор

Нашата уникатна технологија WindFree™ користи илјадници микро-дупчиња за рамномерно да го разнесува воздухот низ просторијата, за да ви биде пријатно изладено и без непријатни провеви. Сензорите за детекција на движење¹ се грижат сите единици да работат врз основа на активност, а режимот Fast Cooling брзо ја постигнува посакуваната температура, за моментално олеснување од надворешните пеколни температури.
samsung training installer 2

Монтирање Multi Split

Без разлика дали сакате да го надградите постоечкиот систем за климатизација или да монтирате нов, Samsung ви нуди повеќе опции што ќе одговараат на вашите конкретни потреби. Работиме со квалификувани и искусни инсталатери кои нудат стручни совети за планирање, монтирање и одржување на станбените системи за контрола на климата. Најдете Samsung инсталатер блиску до вас.
Најдете инсталатер

Ви треба климатизација за помал простор? Разгледајте го ова решение

Сѐ уште не сте сигурни дали сакате да греете и ладите повеќе простории или ви треба само опција за контрола на климата во една просторија? Има и други опции, секако. Решението Single Split може да биде подобра опција за вашата ситуација. Откријте кое решение е најдобро за вас.

schematic single split2

¹ Сензорот за детекција на движење (MDS) ќе почне да детектира отсуство на движење по најмалку 5 минути и до најмногу 60 минути. Сензорот за детекција на движење е достапен на WindFree™ Elite и како додаток за мини касетниот модел со 4-насочно издувување.

² Потврдено од Intertek со тестирање примероци од Samsung AR9500T во состојба на континуиран проток на воздух (според KS K 0693:2016 протокол со употреба на бактериофаг MS2 вирус ATCC 15597-B1 и сој на Escherichia coli C3000 ATCC 15597) и антивирусен филтер Tri Care (според критериуми за тестирање утврдени од Samsung со употреба на Staphylococcus aureus ATCC 6538 и Klebsiella pneumoniae ATCC 4352). Нашите производи не се тестирани за дејство врз вирусот на КОВИД-19. Затоа, ние не правиме или даваме изречни тврдења и гаранции или тврдења и гаранции што се подразбираат во однос на вирусот на КОВИД-19. Достапно само на моделите WindFree™ Elite и Avant.

³ Достапно на уреди со Android и iOS. Потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на Samsung.