ClimateHub: препознатливото решение за греење и ладење на Samsung
Лизгајте надолу
ClimateHub е интегрирано сеопфатно решение што овозможува совршена внатрешна клима и жешка вода во домот.
ClimateHub заштедува значаен простор со комбинирање на хидро-единица и резервоар за жешка вода во една компактна единица. ClimateHub непречено се вклопува во сечиј ентериер и е совршен за новоизградени или реновирани домови или, пак, за замена на традиционалниот котел за гас.
Придобивките
ClimateHub има многу придобивки
Една интегрирана единица
ClimateHub е една интегрирана единица составена од модуларен резервоар и хидро-единица, со три опции (ClimateHub TDM Plus, ClimateHub Mono и ClimateHub Split) и сето тоа се монтира на едно место. Сѐ што треба е да си изберете место за поставување.
Минималистички дизајн
Заборавете на традиционалните големи единици – ClimateHub има рамен, складен и минималистички дизајн што се вклопува секаде во домот, без оглед на местото.
Компактна големина
Дури и со домашен резервоар за жешка вода, неговите димензии овозможуваат да се собере речиси секаде. А кога користите една единица наместо две, тоа значи дека ви останува слободен простор во домот.
Повеќе капацитети
Изберете ја најдобрата опција за користење на водата за вашето домаќинство, со нашите вградени резервоари за вода од 200 или од 260 литри.
Климатизација WindFree™
Ако го изберете решението ClimateHub TDM Plus, добивате додадена вредност со ладење преку клима-уред (до седум внатрешни единици). Бонус: WindFree™ е уникатна технологија за климатизација на Samsung што секоја просторија ја одржува ладна, нежно го шири воздухот, без ладни провеви¹.
Нашите системи за греење
Достапна во три верзии; секоја од нив е компатибилна со ClimateHub.
ClimateHub TDM Plus
Неговата иновативна технологија е комбинација од ладење, греење и домашна жешка вода. ClimateHub TDM Plus нуди интегрирано решение што опфаќа хидро-единица и резервоар за вода од 200 или од 260 литри. Благодарение на компактната големина, ClimateHub совршено се вклопува во помошните простории во домот.
Со својата хидро-единица со вграден резервоар, ClimateHub Mono може да се поврзе со опрема од друг производител, како што е резервоар за жешка вода во домот (DHW). Една надворешна единица што вклучува хидронични компоненти, бирајќи ја ClimateHub значи дека не мора да ослободувате простор за цевките за разладно средство, со што е уште полесно да се монтира и користи.
Опремена со хидро-единица со вграден резервоар, ClimateHub Split е една надворешна единица што се поврзува со хидро-единицата со вграден резервоар преку цевки за разладно средство. Остварете максимален потенцијал со поврзување на Smart Grid или на сончева енергија.
¹ ASHRAE (Американско здружение на инженери за греење, ладење и климатизација) го дефинира „тивкото струење“ како воздух кој струи со брзина помала од 0,15 m/s при што не се јавуваат ладни провеви.
Бидете информирани
Претплатете се на нашиот билтен за да добивате информации за најновите иновации, вести и многу повеќе.
Контактирајте нѐ
Остварете контакт со нашиот продажен тим ако имате прашања или за да разговарате за најдобрите опции за вашиот бизнис.