Осмислени да внесат ново ниво на удобност во секој простор, без разлика каде сте или што правите.
Иновативната технологија WindFree™ на Samsung ја подобрува удобноста во затворен простор со помош на илјадниците микро-дупчиња преку кои ладниот воздух се шири изедначено, без непријатно ладно дување. Во режимот WindFree™, воздухот се шири полека, создавајќи средина на „тивко струење“¹ (анг. Still Air) во која ќе се чувствувате пријатно ладно.
¹ ASHRAE (Американско здружение на инженери за греење, ладење и климатизација) го дефинира „тивкото струење“ (анг. Still Air) како воздух кој струи со брзина помала од 0,15 m/s при што не се јавуваат ладни провеви.
² За функционалноста AI Auto Comfort, потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на апликацијата Samsung SmartThings. Функционалноста AI Auto Comfort зачувува кориснички податоци, избори и начини на користење за да ги предложи најкорисните опции.
³ Достапно на уреди со Android и iOS. Потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на Samsung.
⁴ Потврдено од Intertek, Број на извештај RT20E-S0010-R, Датум на издавање: 17 април 2020 Елементот K (електростатски преципитатор) на Samsung Electronics може да ги стерилизира микроорганизмите фатени во филтерот (Escherichia coli: над 99 %, Staphylococcus aureus: над 99 %). Овој филтер фаќа ултраситна прашина со големина до 0,3 μm. Филтерот за прочистување на воздухот PM 1.0 е достапен на WindFree™ Pure и како додаток за 360 Cassette, касетниот модел со 4-насочно издувување и за касетниот модел со 1-насочно издувување.
⁵ Потврдено од Intertek со тестирање примероци од Samsung AR9500T во состојба на континуиран проток на воздух (според KS K 0693:2016 протокол со употреба на бактериофаг MS2 вирус ATCC 15597-B1 и сој на Escherichia coli C3000 ATCC 15597) и антивирусен филтер Tri-Care (според критериуми за тестирање утврдени од Samsung со употреба на Staphylococcus aureus ATCC 6538 и Klebsiella pneumoniae ATCC 4352). Нашите производи не се тестирани за дејство врз вирусот на КОВИД-19. Затоа, ние не правиме или даваме изречни тврдења и гаранции или тврдења и гаранции што се подразбираат во однос на вирусот на КОВИД-19. Достапно само на моделите WindFree™ Elite и Avant.
⁶ Сензорот за детекција на движење (MDS) ќе почне да детектира отсуство на движење по најмалку 5 минути и до најмногу 60 минути.
⁷ Достапно на WindFree™ Elite, а и како додаток за касетниот модел со 4-насочно издувување и за мини-касетниот модел со 4-насочно издувување.